Ви благодариме за посетата и купувањето од Шарена Приказна. Во продолжение се правилата и условите што ја оформуваат нашата политика за испорака.

Политика за домашна испорака

Време на обработка на нарачката

Сите нарачки се обравотуваат во текот на 2-3 работни дена. Нарачките не се обработуваат, испраќаат и испорачуваат во тек на викенди и празници.

Доколку се случи да имаме необично зголемен број на нарачки, испораките може да се одложат за неколку дена. Ве молиме дозволете неколку дополнителни дена за транспорт на вашата нарачка. Доколку има значително одложување на испораката на вашата нарачка, ќе ве контактираме преку телефон или порака на вашата електронска пошта.

Цени за испорака

Цената за испорака на вашата пратка ќе биде пресметана и прикажана за време на затворањето на вашата нарачка (пред да одобрите плаќање). Доколку не се прикаже цена за испорака за време на затворањето на нарачката, тогаш вашата нарачка има бесплатна испорака или рамна-цена за испорака е веќе вклучена во цената на нарачаниот производ.

Проценето време за испорака во Македонија

Проценето време за испорака во Македонија е до 7 работни дена, по завршување на обработката на нарачката.

Проценето време на испорака во странство

Во зависност од земјата каде треба да се испорача нарачката, проценетото време за испорака се движи од најмалку 15 работни дена за соседните држави, до најмногу 60 работни дена за прекуокеанските земји, по завршување на обработката на нарачката.

Царински, даночни и други трошоци

Шарена Приказна нема да сноси трошоци за царински, даночни или други трошоци кои евентуално може да се појават по испраќањето на нарачката. Сите дополнителни трошоци кои може да настанат по испраќање на пратката (царински, даночни или други трошоци) се на трошок на клиентот.

Оштетувања

Шарена Приказна не сноси одговорност за евентуално настаната штета или губење на пратката. Доколку добиете оштетен производ, ве молиме контактирајте со поштата или курирската служба која ја доставила вашата нарачка, со цел да поднесете жалба.

Ве молиме зачувајте ги сите материјали како и оштетениот производ за да можете да поднесете жалба.

Политика за враќање

Нашата Политика за враќање содржи детални информации за можностите и процедурите за враќање на вашата нарачка.